ОФИЦИЈАЛНО: Хулиан Алварез е нов фудбалер на Атлетико Мадрид!

August 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ОФИЦИЈАЛНО: Хулиан Алварез е нов фудбалер на Атлетико Мадрид!

Атлетико Мадрид го потврди трансферот на Хулиан Алварез. Аргентинецот играше за Манчестер Сити од 2022 година, а трансферот ќе изнесува 75 милиони евра фиксни и 20 милиони евра во бонуси. Алварез ја прифатил понудата на Атлетико Мадрид и ќе потпише договор на пет години. Сити го купи Алварез за 17 милиони евра во 2022 година, а може да го продаде за најмногу 95 милиони евра. После две и пол години Алварез ќе замине од Сити каде дојде од редовите на Ривер Плејт за 17 милиони евра. Тој ќе биде третото засилување за Атлетико летово после Ле Норманд и Серлот, а на чекор се и од потпишување на Конор Галагер. На 54 натпревари минатата сезона успеа да постигне 19 гола и 13 асистенции.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.