Навивачите на Ливерпул разочарани: Карагер со прогноза за првите шест екипи во ПЛ!

August 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Навивачите на Ливерпул разочарани: Карагер со прогноза за првите шест екипи во ПЛ!

Легендата на Ливерпул, Џејми Карагер во повеќе медиуми се појавува како стручњак каде секоја сезона прогнозира кој тим ќе биде освојувач на Премиер лигата. Тој повторно на прво место го стави Манчестер Сити, тим за кој верува дека повторно ќе биде за нијанска подобар од Арсенал. „Знам дека луѓето зборуваат за Арсенал и за нивен исчекор доо титулата, особено поради тоа што две години беа многу блиску. Сепак, јас се уште сметам дека Де Брујне, Халанд, Фоден и Силва се подобри од тоа што го има Арсенал“, рече Карагер. Карагер воедно тврди и дека Арсенал е покус за еден напаѓач и дека на тимот од Лондон му е потребен врвен напаѓач за да ја освои титулата. „Што се однесува до Ливерпул, за Арне Слот ќе биде извонредна прва сезона ако повтори иста како онаа на Клоп. Ливерпул се надмина себеси минатата сезона и мислам дека за Слот ќе биде одлично да повтори такво нешто“, вели Карагер.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.