Не сака да замине од клубот во кој порасна: Зубименди го тресна Ливерпул!

August 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Не сака да замине од клубот во кој порасна: Зубименди го тресна Ливерпул!

Мартин Зубименди реши да го одбие Ливерпул и ќе остане во Реал Сосиедад. Неговиот клуб очекуваше дека тој ќе се согласи на трансфер во Англија, но такво нешто не се случи. Тој во моментов има 60 милиони евра откупна клаузула, сума која одеднаш треба да биде платена ако некој тим успее да го убеди да направи трансфер, но во моментов тоа се чини невозможно. На Шпанецот ќе му биде понуден нов договор, а како што пренесува Фабрицио Романо, тој има неизмерна љубов за неговиот клуб каде и самиот е отворен за потпишување на нов договор. Исто така, претходните години тој ги има одбиено Баерн Минхен и Арсенал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.