Винисиус одбил плата од милијарда евра од Саудиска Арабија!

August 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Винисиус одбил плата од милијарда евра од Саудиска Арабија!

Според информациите на „Marca“, Винисиус, но и неговиот клуб Реал Мадрид ја одбиле најголемата понуда во историјата на спортот, не само на фудбалот. Ал–Ахли му понудил договор на пет години во износ од една милијарда евра, а бонусите би биле плус. Се очекува тимовите од Саудиска Арабија да го обноват интересот и во иднина и покрај тоа што сега добија негативен одговор. Целта на Ал-Ахли била да се обидат да го убедат да биде главно лице во лигата пред одржувањето на Светското првенство во Саудиска Арабија кое ќе се одржи дури во 2034 година. Според шпанскиот медиум, висината на понудата изнесувала многу повеќе од рекордните 222 милиони евра на Нејмар, меѓутоа истата вооопшто не се разгледувала.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.