Прими три гола за девет минути, го заменија и неговиот тим победи! (ВИДЕО)

August 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Прими три гола за девет минути, го заменија и неговиот тим победи! (ВИДЕО)

Неверојатна ситуација ни доаѓа од Португалија. Фудбалерите на Пењафел славеа против Оливеиренсе со 4:3, а натпреварот го обележа голманот на домашниот тим Мануел Балде. Во првите девет минути Пењафел веќе губеше со 0:3, а виновен за сите три гола беше токму голманот Балде. Веќе во 12. минута тој беше заменет, а веќе во следниот напад неговиот тим намали на 3:1. Во 18. минута неговиот тим даде гол за 3:2, а потоа во 55. и 71. минута Пењафел оствари целосен пресврт. Погледнете ги неговите ужасни реакции кај секој од головите:

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.