August 13, 2024 | | Свет
Адриен Рабио во моментов е слободен агент откако го напушти Јувентус. Пречка за новиот договор беше високата плата која ја бара агентката и мајка на Рабио, Вероника. Тој уште лани требаше да го напушти Јувентус, но некако дојде до споразум, а со барањата кои мајка му сега ги има потешко ќе најде нов клуб. Галатасарај беше заитересиран да го ангажира Французинот, но кога турската екипа ги слушна нивните услови, се повлече. „Галата навистина сакаше да го купи, но она што го побара мајка му беше неверојатно. Раби бараше седум милиони евра бонус за самиот потпис, плус плата од седум милиони евра за едногодишен договор. Згора на тоа, и пет милиони евра за мајка му како бонус за посредник во трансферот. Тој бараше 19 милиони евра за една сезона, па после луѓето се прашуваат зошто Галата не купува вакви играчи. Затоа што не му ни требаат“, пишува турскиот новинар Угур Каракулукчу.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |