Мегваер и Грилиш извисени, не одат на Европско

June 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мегваер и Грилиш извисени, не одат на Европско

Мегваер и Грилиш  се изоставени од составот на Англија за Европското првенство кое ќе се одржи во Германија. Освен нив, уште вчера беше потврдено дека Медисон нема да биде дел од Европското, а на листата се Куртис Џонс, Џејмс Трафорд, Џаред Брентвајт и Џарел Кванса.

Грилиш поради повреди не можеше да фати ритам сезонава каде во цела сезона играше само во 36 наврати во сите натпреварувања каде успеа да постигне само 3 гола. Тој инаку беше еден од клучните играчи во системот на Саутгејт.

Што се однесува до Мегваер, во сите големи турнири на Англија откако Саутгејт е селектор, тој беше клучен и незаменлив во одбраната. Но, тој нема одиграно ниту еден натпревар уште од месец април исто така поради повреда. Во соопштение Англија потврди дека Мегваер работел и тренирал индивидуално и не присуствувал на тренинзите на Англија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.