Детално ќе се објаснува секоја одлука од ВАР во Премиер лигата сезонава!

August 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Детално ќе се објаснува секоја одлука од ВАР во Премиер лигата сезонава!

Во петок Манчестер Јунајтед и Фулам ќе ја отворат новата сезона на Премиер лигата, а сезонава се најавуваат нови работи поврзани со ВАР во однос на објаснувањето на одлуките. Имено, на социјалните мрежи директно ќе се објаснуваат одлуките на ВАР со што на навивачите ќе им биде јасно зошто одредена одлука била донесена баш така. Одлуката падна откако ФИФА не дозволи ВАР-аудио да се емитува во живо на телевизија. Меч-центарот на Премиер лигата е оперативно седиште на Премиер лигата и е поврзан со сите 20 стадиони и ВАР-центарот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.