Не го исполни потенцијалот, а сега е близу до голема „печалба“ во Саудиска Арабија!

August 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Не го исполни потенцијалот, а сега е близу до голема „печалба“ во Саудиска Арабија!

Пауло Дибала е во напредни преговори со саудискиот клуб Ал-Кадсија за трансфер во Саудиска Арабија. Тој помина две години во Рома која чека официјална понуда од Ал-Кадсија. Трансферот ќе зависи од тоа колку саудискиот клуб ќе го процени Дибала, а наводно на Аргентинецот ќе му бидат понудени 15 милиони евра по сезона и договор на три сезони. Ако трансферот се оствари, во овој клуб ќе заигра заедно со Начо и Пјер-Емерик Обамејанг, кои исто така потпишаа ова лето за саудискиот клуб. Ал Кадсија лани беше прва во втората саудиска лига и во новата сезона ќе игра во елитата. За Рома досега одигра 53 натпревари и постигна 25 голови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.