Лука Модриќ стана најтрофејниот играч во историјата на Реал!

August 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Лука Модриќ стана најтрофејниот играч во историјата на Реал!

Со вчерашниот триумф на Реал Мадрид каде го освоија Суперкупот на УЕФА совладувајќи ја Аталанта со 2:0, Лука Модриќ стана фудбалер со најмногу освоени трофеи во дресот на „кралскиот клуб“. За него ова беше 27-от трофеј во дресот на Реал Мадрид. Втори на оваа листа се Даниел Карвахал и Начо, кои имаат по 26 трофеи со Реал Мадрид. Карим Бензема и Марсело ја заокружуваат првата тројка со 25. Реал Мадрид успеа по шести пат да го освои овој трофеј и тоа претставува рекорд меѓу сите клубови. Барселона и Милан по пет пати го имаат освоено трофејот, а Ливерпул четири пати.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.