Оној кој ќе сака да ги гледа ѕвездите на Реал, ќе мора да плати 70% поскапи билети!

August 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Оној кој ќе сака да ги гледа ѕвездите на Реал, ќе мора да плати 70% поскапи билети!

Реал Мадрид реши да ги покачи цените на билетите и истите се за 70% поскапи во однос на минатата сезона. Најевтиниот билет сега е 95 евра, а лани изнесуваше 55, додека најскапиот е 210 евра. Допрва ќе се види како тоа ќе влијае врз посетеноста на стадионот, но во поголемите натпревари со Барселона или Атлетико Мадрид на пример, цените би биле уште повисоки. Ваљадолид е нов член на Ла Лига и нема голем интерес за луѓето да ги гледаат генерално, но ова ќе биде деби натпревар на Мбапе пред публиката на тимот од Мадрид, па затоа и интересот е голем. Во Реал Мадрид билетите немаат стандардна цена и тие варираат во зависност од ситуацијата и противникот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.