June 6, 2024 | | Свет
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи по заминувањето на Мбапе рече дека во клубот ќе започне нова ера.
„Ова е нова ера. Ја имам целата почит кон Меси, Нејмар, Килијан. Знам што направија за клубот. За нас беше важно да ги имаме во тимот. Им посакувам сѐ најдобро во новите предизвици, но ѕвездата кај нас отсега ќе биде тимот“, изјави претседателот на ПСЖ.
Во однос на тоа пак каква била атмосферата во ПСЖ, Мбапе на првата прес-конференција откако стана член на Реал Мадрид рече дека имал притисоци и му било кажано од страна на ПСЖ дека во последната негова сезона воопшто нема да игра, но дека Енрике и спортскиот директор Кампос го спасиле.
Во друга прилика пак, Нејмар рече дека заедно со Меси многу страдале додека биле членови на овој клуб, а Меси има кажано дека особено првата година во ПСЖ била шок за него поради новата средина и ненадејното напуштање од Барселона.
Сега ПСЖ ќе ја смени политиката во клубот па така тие ќе се фокусираат на градење на тим, а не само угодување на индивидуалци, а имаат намера да купуваат и играчи кои првично се родени или изразнале во градот Париз се со цел страста да можат да ја пренесат во клубот и истите играчи вистински да сакаат да го носат дресот на ПСЖ.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |