Шмајхел го брани Онана: Тој немаше среќа поради две причини

August 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Шмајхел го брани Онана: Тој немаше среќа поради две причини

Легендата на Манчестер Јунајтед Питер Шмајхел остави длабок траг во клубот и познато му е какво е чувството и колкав е притисокот да се игра за тој клуб. Со оглед на тоа дека и тој беше голман своевремено, беше запрашан што мисли за голманот на Јунајтед Андре Онана кој немаше добар почеток на кариерата во Јунајтед, но минатата сезона Камерунецот се подобри во завршницата. „Тој немаше среќа поради две причини. Прво, немаше конзистентна одбрана. Тоа е проблем како голман. Можете да бидете најдобриот голман на светот, но ако вашата одбрана не ве штити, имате проблем. Второ, голот што го прими во Минхен беше несреќен, ако го направите тоа за Интер или Ајакс, ќе помине за недела-две. Го правиш тоа за Манчестер Јунајтед, тој останува и ќе бидеш голман кој греши. Тоа е само суровата реалност да се игра за Манчестер Јунајтед“, рече Шмајхел. Тој додаде дека на Онана му треба помош како и секој голман во светот, му треба одбрана пред него и ако го има тоа, ќе го покаже својот врвен квалитет.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.