По 34 изведени пенали, Ајакс успеа да го победи Панатинаикос!

August 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

По 34 изведени пенали, Ајакс успеа да го победи Панатинаикос!

Ајакс и Панатинаикос ќе го паметат вечерашниот дуел каде беа потребни дури 34 изведени пенали за Ајакс да оствари триумф, откако Тете во 89.минута постигна гол за грчкиот тим и го одведе мечот во продолженија, а потоа и на пенали. Дури во 17. серија од пеналите, Вилхена од Панатинаикос не успеа да реализира, а Антон Гаеи му обезбеди на Ајакс пласман во плејоф-колото од Лига Европа. Чудно е што на пример Броби од Ајакс промаши дури два пенала, но сепак не беше трагичар бидејќи по вториот удар, не беше прецизен ни противничкиот играч Виљена, па Гаеи стави точка на маратонот, за финални 13-12. Во првиот натпревар во Грција Ајакс славеше минимално, а Панатинаикос успеа да избори победа пак во регуларните 90 минути со голот во 89.минута по што следуваа продолженија и пенал серијата. Во плејофот, Ајакс ќе се сретне со шампионот на Полска, Јагиелонија чиј член од неодамна е македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.