August 16, 2024 | | Свет
Бојан Миовски го направи трансферот на кариерата каде и официјално веќе стана дел од тимот на Жирона, екипа која минатата сезона беше сензација и заврши на високото трето место каде ќе играат и Лига на шампиони. Преку социјалните мрежи, Миовски се збогуваше со фановите на Абердин кои имаа огромна љубов и почит за него. „Сакам да ви се заблагодарам на сите за прекрасните две години што ги поминав во овој голем клуб, фантастичен град и неверојатни луѓе. Направивте да се чувствувам како дома, напредував, благодарение на вашата поддршка, бидејќи секогаш знаев дека верувате во мене без разлика на се. Од моја страна секогаш го давав макмумумот, за да можам да го вратам она што ми го давате. Ме научивте како да се заљубам во клубот. Ви благодарам многу за тоа и секогаш ќе бидам благодарен што ми ја дававте оваа поддршка во моето двегодишно патување во Абердин. Јас секогаш ќе бидам ваш најголем поддржувач и им посакувам на момците успеси оваа сезона и во иднина. Еднаш Дон – секогаш Дон“, порача Миовски.
View this post on Instagram
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |