Започнува Премиер лигата: Манчестер Јунајтед и Фулам ја отвараат новата сезона!

August 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Започнува Премиер лигата: Манчестер Јунајтед и Фулам ја отвараат новата сезона!

Со почеток од 21 часот Манчестер Јунајтед и Фулам на „Олд Трафорд“ ќе ја отворат новата сезона во Премиер лигата. Ова ќе биде 33-та сезона во Премиер лигата, а 126-та во историјата на најсилната дивизија на англискиот фудбал. Иако Манчестер Јунајтед е најтрофејниот клуб во Премиер лигата со 13 титули, последен пат ја освоија пред 11 години. Бранител на титулата е Манчестер Сити кој воедно и четири сезони по ред е освојувач на лигата, а во последните седум години имаат шест лигашки титули. Освен овој дуел, на програмата викендот ќе бидат уште други девет: Сабота, 13:30: Ипсвич – Ливерпул 16:00: Арсенал – Вулверхемптон Евертон – Брајтон Њукасл – Саутемптон Нотингем Форест – Бурнемаут 18:30: Вест Хем- Астон Вила Недела, 15:00: Брентфорд - Кристал Палас 17:30: Челси - Манчестер Сити Понеделник, 21:00: Лестер - Тотенхем

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.