Големиот Пандев ги одбра најдобрите 11 со кои играл во кариерата!

August 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Големиот Пандев ги одбра најдобрите 11 со кои играл во кариерата!

Легендата на македонскиот фудбал Горан Пандев остави длабок траг и тој е пример за сите млади таленти во Македонија кои се стремат да успеат во фудбалот. Во својата кариера тој ја освои Лигата на шампионите, Светско клупско првенство, беше првак на Италија, а има и неколку куп-трофеи во Италија. Тој беше гостин во емисијата „Моите топ 11“, каде ги одбра 11 играчи со кои има играно заедно во репрезентацијата и во клубовите. Пандев во составот требаше да вметне по еден фудбалер од секоја екипа во којашто настапувал, како и соиграч од македонската репрезентација. Тој се реши за следните 11: Голман: Џанлуиџи Буфон (Парма), Одбрана: Стефан Ристовски (Македонија), Валтер Самуел (Интер), Ванчо Костов (Беласица), Среден ред: Марек Хамшик (Наполи), Дејан Станковиќ (Интер), Милан Бадељ (Џенова), Весли Снајдер (Галатасарај), Напад: Лука Коти (Специја), Милан Рапаиќ (Анкона), Томазо Роки (Лацио). Тренер: Жозе Мурињо.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.