August 16, 2024 | | Свет
Ханс Флик на денешната прес-конференција рече дека Дани Олмо не е подготвен за настап против Валенсија, а во моментов тој не е ни регистриран во Ла Лига за да може да настапува. За да се случи тоа, Ла Лига треба да го одобри договорот кој Барселона го постигна за финансиска инекција од компанијата Арамарк. Покрај Олмо, не се регистрирани ниту Роке ниту Мика Фаје каде и двајцата се на излезна врата. „Со нетрпение го очекувам моето деби против Валенсија. знаеме дека во Шпанија има добра атмосфера. Јас сум дебитант во Ла Лига и имам огромна желба. Знаеме дека ќе биде тешко против Валенсија. Најверојатно ќе брани и нивниот голман Мамардашвили. Кај нас само Дани Олмо не е во комбинација поради тоа што има малку тренинзи со нас. Треба да трнира за да може да ни помогне. Ми се допаѓа што можам да се потпрам на Педри“, рече Флик.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |