August 17, 2024 | | Свет
Питер Шмајхел имаше остри критики за Лук Шо кој последен пат за Јунајтед има одиграно во февруари, но тој пак некако успеа да се најде во составот на Англија кој освои второ место на Европското првенство. Шо дури и настапуваше во финалето, а пред неколку дена беше потврдено дека повторно неколку недели ќе отсуствува поради повреда. Тој ќе ги пропушти барем првите три кола во Премиер лигата, а легендата Питер Шмајхел имаше нешто да каже во однос на ова. „Лук Шо последен пат играше за Јунајтед во февруари, но и покрај тоа отиде на Европското првенство. Сега се врати во Јунајтед и повторно е повреден. Тој е толку важен за тимот, но не игра веќе долго. Тој има искуство и станува збор за топ класа, но Јунајтед премалку може да смета на него. Тој е играч на Манчестер Јунајтед и треба да му даде приоритет на Јунајтед. Ние сме тие кои го плаќаме. Треба да се фокусира на Јунајтед, а не на Англија“, рече Шмајхел.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |