August 17, 2024 | | Македонија
Екипата на Детонит Плачковица изгуби на домашен терен со 2-4 од тимот на Новаци. И сезонава се очекува тимот од Радовиш да биде во конкуренција за пласман во Првата лига, но не го започнаа првенството на најдобар начин. Македонија Ѓорче Петров славеше на домашен терен во Ѓорче Петров со 2-0 против Охрид Лихнидос. Стрелци беа Крсте Велкоски од пенал и Симеон Христов кои во вториот дел успеаа да ја донесат победата за својот тим. Брегалница пак со 2-1 ја совлада Побeда. Тимот од Штип поведе со голот на Иван Глигоров во 20. минута, a Абази во 53. минута зголеми на 2-0. Дамјан Ангелкоски во 67.минута беше стрелец за Победа. Арсими ја совлада Беласица со 4:2, додека Вардар Неготино со 1:2 беше подобар од Осогово. Натпреварите Скопје – Вардарски и Кожуф – Каменица Саса беа без победник со ист резултат 2:2.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |