Нова тешка повреда: Играчот на Лил лежеше неподвижен на теренот, играчите се фаќаа за глава! (ВИДЕО)

August 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Нова тешка повреда: Играчот на Лил лежеше неподвижен на теренот, играчите се фаќаа за глава! (ВИДЕО)

Откако прво имаше хорор на натпреварот помеѓу Нотингем форест и Борнмут каде Данило доживеа скршеница на ногата, сега ужасна сцена имаше и во Франција. На вчерашниот натпревар помеѓу Ремс и Лил фудбалерот на гостите Анхел Гомес остана неподвижен да лежи на тревата по дуелот со фудбалерот на Ремс, Амаду Коне. Ова донесе голем немир кај играчите и од двете екипи, а Гомес на крајот по соодветната лекарска помош беше изнесен на носилки.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.