Натпревар помеѓу учителот и ученикот: Сити против Челси без Родри

August 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Анализи

Натпревар помеѓу учителот и ученикот: Сити против Челси без Родри

Денес не очекува големо дерби помеѓу Челси и Манчестер Сити. Ова е воедно дуел помеѓу учителот и ученикот, односно дуел на Гвардиола и Мареска. Италијанецот беше асистент на Гвардиола во Сити, а сега првиот натпревар во Премиер лигата ќе го има токму против него. Челси продолжува со ангажирање на талентирани фудбалери каде составот им брои над 40 фудбалери. Мареска знае како точно сака Гвардиола да игра, а според лошата пред сезона која ја имаа, непознато е со каков состав би излегол Италијанецот денес. „Стемфорд Бриџ“ е секогаш незгоден за било кој тим, а предизвик за Сити ќе биде да одигра без нивниот најдобар играч, Родри кој не е доволно спремен за да игра денес. Воедно, еден од хендикепите за Сити ќе биде и заминувањето на Хулиан Алварез. Сити е актуелен шампион на Англија каде четири години по ред беа шампиони, а Премиер лигата ја освоија шест пати во последните седум години. Претходната сезона тимовите на овој терен одиграа неверојатни 4-4, а да се надеваме дека и денес ќе имаме одличен и ефикасен натпревар. Тимот на Гвардиола нема пораз од Челзи во последните 10 дуели, односно четири и пол години.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.