August 18, 2024 | | Македонија
Вардар минимално успеа да го победи вечниот ривач Пелистер а голот падна преку Дианеси во 82.минута. Вардарци за нијанса покажаа повеќе, а она што беше забележливо на овој натпревар е прекрасната атмосфера каде „Комитите“ и „Чкембарите“ му дадоа посебен шмек на дербито. На овој натпревар во главно Пелистер се обиде да даде гол преку контри и брзи транзиции. Најдобрата шанса Пелистер ја имаше преку Михаил Талевски каде голманот Гачевски успешно одбрани. Иако Пелистер заигра подобро во второто полувреме, сепак тоа не беше доволно ни за бод. Решавачкиот гол дојде во 82. минута кога на сцената стапи Џибрил Дианеси каде голот падна од корнер каде тој успеа од втор план да се најде на вистинското место. До крајот на натпреварот Пелистер не успеа да се врати резултатски во игра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |