Незгодно во Реал: Родриго објави контроверзен пост за големото трио, па го избриша! (ФОТО)

August 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Незгодно во Реал: Родриго објави контроверзен пост за големото трио, па го избриша! (ФОТО)

На Родриго очигледно не му се допаѓа вниманието кое го добиваат Џуд Белингем, Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор каде насекаде се зборува за нив како ново големо трио без никој да го спомне Родриго. Тој се почуствувал изолирано бидејќи се разговара само за оваа тројка, а во првите два натпревари од сезоната тој беше во почетниот состав токму со нив што покажува дека и тој е важна напаѓачка карика. „Здраво момци, синоќешниот резултат против Мајорка не беше оној кој го посакувавме. Но во Ла Лига секој бод прави разлика на крајот. Среќен сум со погодокот и прогресот на тимот. Минатата недела сите зборуваа за триото составено од Белингем, Мбапе и Вини, но ќе треба да додат Р за Родриго во тој акроним. Имаме четворка во нападот“, стоеше во пораката напишана од негова страна.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.