August 21, 2024 | | Свет
Фил Фоден и официјално ја доби наградата за најдобар играч во Англија за 2024 година. Признанието е добиено од „Здружението на професионални фудбалери“ на Англија. „Посебна благодарност му должам на Пеп Гвардиола, на сите тренери во Манчестер Сити и на моите соиграчи кои ми помогнаа да бидам подобар секој ден“, изјави Фоден. Минатата сезона Фоден беше клучен за Манчестер Сити каде во клучните моменти му помогна на својот тим да дојде до четвртата последователна титула. Фоден претходно беше прогласен за најдобар играч на Премиер лигата во сезоната 2023/2024. Воедно, беше избран и тимот на сезоната во Премиер лигата и истиот е составен од пет играчи на Арсенал, четири на Манчестер Сити и по еден од Ливерпул и Астон Вила.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |