Премногу си го цени синот: Мајката на Рабио не може да му најде клуб!

August 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Премногу си го цени синот: Мајката на Рабио не може да му најде клуб!

Адриен Рабио сеуште е слободен играч откако не најде заеднички договор со Јувентус за продолжување на соработката. Негов агент е неговата мајка Вероника која бара премногу за услугите на нејзиниот син, а бара и огромна премија за неа. Французинот сака нето годишна плата од 7,5 милиони евра, неговата мајка бара провизија за неа, плус бонус за потпис за нејзиниот син, а целиот пакет би изнесувал 19 милиони евра. Уште десетина дена остануваат од трансфер периодот, а она што е јасно е дека нивните барања ќе мораат да бидат намалени за Рабио да може да најде клуб.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.