June 7, 2024 | | Свет
До крајот на јуни кога и официјално завршува сезоната, дури шест клуба се во трка со времето и под притисок да ги усогласат своите операции со регулативите за финансиски фер-плеј на Премиер лигата. Според правилата донесени уште во 2013 година, клуб кој акумулира долг од повеќе од 105 милиони фунти за период од три години треба да биде санкциониран со одземање бодови. Клубовите кои се под ваква опасност во моментов се Евертон, Нотингем Форест, Њукасл, Челзи, Астон Вила и Лестер. До 30 јуни овие клубови мора да продадат еден или повеќе играчи, во зависност од тоа колку должат, за да не ја започнат следната сезона во Премиер лигата со минус на бодовното салдо. За потсетување, во текот на оваа сезона Нотингем Форест и Евертон беа казнети поради истата причина, но успеаја да го сочуваат статусот во Премиер лигата, односно да не бидат исфрлени. На „шумарите“ им беа одземени четири бода, а на Евертон шест бода.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |