ОФИЦИЈАЛНО: Гундоган се врати во Манчестер Сити!

August 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

ОФИЦИЈАЛНО: Гундоган се врати во Манчестер Сити!

После само една година во Барселона, Илкај Гундоган се враќа во Сити каде ќе потпише договор на една година со опција за продолжување за уште една. „Заминувам во тешка ситуација, но ако моето заминување може финансиски да му помогне на клубот, тоа ме прави малку помалку тажен. „Тоа беше време со неверојатни искуства и подеми и падови - отсекогаш сакав да играм во Барса и многу сум благодарен за споменот и искуството што ќе го паметам цел живот“, рече тој. Гундоган се одрече од платата и бонусите кои му следуваа од двете преостанати години во Барселона само за да се врати во Манчестер Сити. Ова значи дека тој се согласил да не му бидат исплатени над 20 милиони евра кои Барселона ќе мораше да му ги плати за да му раскине договорот. Во однос на враќањето во Сити, рече дека се враќа дома и во најдобриот клуб во светот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.