Од Барселона до Комо: Серхи Роберто се сели во Италија!

August 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Од Барселона до Комо: Серхи Роберто се сели во Италија!

Комо денеска го потврди Серхи Роберто како ново засилување, а Шпанецот ќе потпише договор на две години. На чело со тренерот Сеск Фабрегас, Комо има амбиции да се обиде да остане во Серија А. „Ова е нов предизвик, верувам во проектот. Разговарав со сопствениците, ми се допадна она што го слушнав, смемам дека влечат прави потези и среќен сум што ќе бидам дел од сето ова“, рече Роберто. Ова е за Комо е дури 15. засилување ова лето откако веќе ангажираа звучни имиња како Рафаел Варан, Андреа Белоти, Пепе Реина и Алберто Морено.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.