Мартинез: Копа Америка не е последниот турнир на Меси

June 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мартинез: Копа Америка не е последниот турнир на Меси

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез изјави дека репрезентацијата на Аргентина не смета дека Копа Америка ќе биде последен турнир на Лионел Меси со Аргентина додавајќи дека капитенот останува најдобар играч на светот. „Тој е многу мирен, а прекрасно е да се биде овде, сите имаме одличен однос“, рече Мартинез во четвртокот за медиумите достапни за време на подготовките на тимот во Форт Лодердејл, Флорида. Меси изјави дека ќе му биде тешко да игра на Светското првенство во 2026 година, кога ќе наполни 39 години, иако селекторот Лионел Скалони изрази уверување дека осумкратниот освојувач на Златната топка може игра на турнирот во САД, Канада и Мексико. „Се чувствуваме како дома, што е многу важно. Го гледаме Меси среќен и на импресивно ниво. Копа Америка е комплициран турнир. Без сомнение, сите сакаат да не победат бидејќи ние сме актуелни шампиони“, додаде тој. Мартинез вели дека нивните очекувања се дека пак ќе ја освојат Копа Америка. Аргентина го започнува турнирот на 20 јуни кога ќе се соочи со Канада во воведниот натпревар на стадионот Мерцедес-Бенц во Атланта.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.