Тен Хаг: Моите фудбалери не се сложни!

August 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг: Моите фудбалери не се сложни!

Јунајтед денеска претрпе пораз на гостувањето кај Брајтон со 2-1, а голот кој значеше пораз го примија во 95. минута каде херојот беше Жоао Педро. По натпреварот, Тен Хаг рече дека резултатот требало да биде нерешен. „Ќе разговараме како реагираме кога имаме долг посед на топката. Примивме два гола денеска што можевме да ги одбраниме. Тоа е моето чувство, примаме голови во ситуации кога не делуваме како сложен тим. Мораме да се подобриме, за тоа мора озбилно да разговараме, да научиме како да бидеме сложни во овие моменти и секој да си ја заврши својата задача. Неопходно е да работиме едни за други“, вели Тен Хаг. Следен натпревар за Манчестер Јунајтед ќе биде дуелот со Ливерпул на домашен терен.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.