Анчелоти тврди: Веќе нема да купуваме играчи!

August 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти тврди: Веќе нема да купуваме играчи!

Карло Анчелоти изјави дека Реал Мадрид повеќе нема да ангажира нови фудбалери летово. Иако многумина сметаат дека им фали стопер, Анчелоти не мисли така и покрај честите повреди на Алаба и Милитао. „Нема да купуваме фудбалери во последен момент на ниту една позиција. За нас преодниот рок е завршен“, рече Анчелоти. За разлика во средината и нападот каде Реал Мадрид има многу опции, одбраната може да биде проблем за Анчелоти во текот на сезоната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.