Постигнат е договор: Угарте ќе биде нов фудбалер на Манчестер Јунајтед!

August 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Постигнат е договор: Угарте ќе биде нов фудбалер на Манчестер Јунајтед!

Конечно дојде до договор помеѓу Манчестер Јунајтед и ПСЖ за трансферот на Мануел Угарте во Англија. Личните услови беа договорени уште претходниот месец, а целиот трансфер ќе изнесува 50 милиони евра фиксни и десет милиони евра како бонуси. Иако клубовите преговараа и за позајмица со обавезен откуп наредното лето, сепак се работи за перманентен трансфер уште летово. Тој дојде во ПСЖ минатата сезона од редовите на Спортинг Лисабон за 60 милиони евра. Угарте игра на позицијата заден везен фудбалер каде се очекува да донесе агресивност и цврстина во тимот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.