„Here we go“: Копмајнерс потпишува за Јувентус!

August 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

„Here we go“: Копмајнерс потпишува за Јувентус!

Теун Копмајнерс ќе биде нов фудбалер на Јувентус, пренесува Фабрицио Романо со познатата фраза „Here we go“. Двата клуба долго преговараа за Холанѓанецот кој минатата година беше еден од најдобрите во редовите на Аталанта. Трансферот ќе изнесува 52 милиони евра фиксни и седум милиони евра како бонуси. Тој ќе потпише договор на пет години каде дури и одбиваше да тренира со Аталанта за да го исфорсира овој трансфер. Неговата вредност е проценета на 50 милиони евра, а поради повреда го пропушти Европското првенство.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.