August 28, 2024 | | Свет
Барселона успеа да слави на гостувањето кај Рајо Ваљекано а херој беше дебитантот Дани Олмо. По натпреварот, Ханси Флик рече дека никој не бил среќен по победата над Рајо Ваљекано, а причина за тоа е тешката повреда на 17 годишниот Марк Бернал. „Марк Бернал заработи повреда, ќе треба да видиме колку е сериозна, но од првиот впечаток се чини дека не е добро. Победивме, но никој не е среќен. Во соблекувалната има многу тажни лица“ – вели Ханси Флик. Првичните прогнози се дека Марк Бернал ги оштетил лигаментите на коленото и го чека пауза од најмалку 7 месеци.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |