August 28, 2024 | | Свет
Барселона и официјално потврди дека големиот талент Марк Бернал скинал предните вкрстени лигаменти на левото колено и дека го чека долга пауза. Со само 17 години тој успеа да се наметне кај Ханси Флик каде беше стартер на сите три првенствени натпревари. Барса го победи Ваљекано, но го загуби Бернал барем на седум месеци. Тој се повреди пред крајот на натпреварот и иако на почетокот се чинеше дека не станува збор за тешка повреда, се испостави дека е скинат предниот вкрстен лигмент. Ако се поправи финансиската состојба до крајот на трансфер периодот, односно ако се продадат играчи или се потпише некаков финансиски договор, Барселона би можела да ангажира нов фудбалер од средниот ред.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |