Анчелоти: Не сум загрижен за формата на Мбапе

August 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти: Не сум загрижен за формата на Мбапе

Килијан Мбапе успеа на своето деби во дресот на Реал Мадрид да постигне гол каде во финалето на УЕФА Суперкупот успеа да стрела против Аталанта, но во Ла Лига после две кола засега нема постигнато гол. Но, Карло Анчелоти изјави дека е убеден дека Французинот ќе влезе во форма и ќе почне редовно да постигнува голови. „Мбапе го даде последниот гол на 14 август. Денеска сме 28 август, поминаа само две седмици, во овој период одигравме само две средби. Воопшто не сум загрижен за формата на Мбапе, не гледам причина за такво нешто. Од она што го гледам, Килијан е многу среќен овде, работи напорно на тренинзите и сака да постигне гол веќе на следниот меч. Тој е многу скромен, максимално мотивиран и многу добро се адаптира во новата средина“, рече Анчелоти. Следниот натпревар Реал Мадрид ќе го одигра утре на гости кај Лас Палмас каде Мбапе скоро па сигурно ќе биде стартер и ќе има шанса да го постигне својот прв гол во Ла Лига.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.