Нејмар одигра само пет натпревари за Ал-Хилал, досега им зеде 150 милиони евра!

August 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Нејмар одигра само пет натпревари за Ал-Хилал, досега им зеде 150 милиони евра!

Нејмар веќе една година е надвор од терените поради повреда, но платата од Ал-Хилал редовно му пристигнува, а според пресметките, тој веќе заработил околу 150 милиони евра, односно речиси по три милиони евра неделно. Минатото лето тој дојде во Саудиска Арабија од ПСЖ за сума од околу 90 милиони евра каде потпиша двегодишен договор вреден 300 милиони евра. Со трансферот кој го направи во ПСЖ во 2017 година, ништо повеќе не беше исто за еден од најголемите таленти воопшто. Тој сè уште го држи рекордот за најголем трансфер во историјата каде за 222 милиони евра премина во ПСЖ откако беше платена неговата откупна клаузула.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.