August 29, 2024 | | Свет
Андреа Пирло доби отказ како тренер на Самподрија, потврдија денес од клубот. „Сампдорија соопштува дека го разреши Пирло од функцијата селектор на првиот тим. Благодарам на тренерот и членовите на неговиот штаб Роберто Барони, Мауро Бертони, Никола Паварини и Рафаел Клементе за посветеноста и професионалноста покажана во периодот на работа во клубот“, се наведува во соопштението на клубот. Минатото лето дојде на клупата на Сампдорија, а го предводеше клубот до седмото место и пласман во бараж за пополнување на Серија А, но клубот беше елиминиран веднаш на стартот од плеј-офот од Палермо. Откако по само три натпревари освои еден бод, Самдорија реши да ја прекине соработката со Италијанецот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |