Анчелоти: Јас сум крив, треба да најдам решение!

August 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Анчелоти: Јас сум крив, треба да најдам решение!

Карло Анчелоти изјави дека лично тој е виновен за лошите резултати на Реал Мадрид каде вчера кикснаа кај Лас Палмас освојувајќи само бод. Реал Мадрид одигра нерешено и со Мајорка во првото коло, па притисокот врз Анчелоти порасна. „Мора да најдеме брзо решение и ќе го направиме тоа. Не смеема да бареме некакви изговори, потребна е брза реакција, бидејќи во недела веќе имаме нов натпревар. Мора подобро да им ја пренесам идејата и стратегијата на фудбалерите. Тимот не е добро балансиран, не ја движиме топката брзо, тешко ја враќаме. Треба да најдеме брзи решенија и мислам дека ќе ги најдеме“, рече Анчелоти. Во наредното коло, Реал Мадрид ќе го дочека Реал Бетис.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.