Познати натпреварите во Лига Европа: Мурињо ќе се сретне со Јунајтед!

August 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Познати натпреварите во Лига Европа: Мурињо ќе се сретне со Јунајтед!

Денес беа извлечени и натпреварите во лигашкиот формат и за натпреварувањето на Лига Европа. И овде ќе има 36 екипи каде секој тим ќе игра против осум различни противници, по два од секоја шешир, а ќе има четири домашни меча и четири гостувања. Натпреварите ќе се одиграат меѓу 25 септември и 30 јануари. Елиминациските натпревари почнуваат на 13 февруари, а финалето во Лига Европа е закажано за 21 мај следната година и ќе се игра во Билбао на стадионот „Сан Мамес“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.