August 31, 2024 | | Свет
Челси имаше постигнато договор со Страсбур за да го продаде Дејвид Вашингтон каде трансферот требаше да изнесува околу 24 милиони евра. Но, тие се предомислиле за да не се доведат до ситуација да бидат под истрага на Премиер лигата и евентуално да бидат казнети. Причината за вакво нешто е што овие два клуба имаат ист сопственик, односно конзорциум предводен од Тод Боли. Интересно е што Челси го купи Вашингтон за 16 милиони евра минатата сезона, а сега сакаше да го продаде за 24 милиони евра. Овој фудбалер има одиграно само 25 минути во дресот на Челси што ваквиот трансфер го прави уште посомнителен. Инаку, познато е дека новата управа на Челси им нуди долги договори на играчите каде прикажано сезона по сезона, тие трошат мали пари за фудбалерите бидејќи имаат договори кои се со по шест, седум, осум па и девет години (како моменталниот на Палмер) договор. Наводно, Челси бил оној кој инсистирал Стасбур да го купи овој фудбалер, но кога дознале дека можат да бидат предмет на истрага, се предомислиле.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |