Артета за црвениот картон на Рајс: Зачуден сум, и нивниот играч требаше да добие! (ВИДЕО)

August 31, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Артета за црвениот картон на Рајс: Зачуден сум, и нивниот играч требаше да добие! (ВИДЕО)

Арсенал одигра нерешени 1:1 со Брајтон на домашен терен, а натпреварот го одбележа црвениот картон на Деклан Рајс, односно вториот жолт каде дефанзивенцот на Брајтон сакаше да изведе фаул а Рајс му ја чукна топката и го спречи да го изведе фаулот. Рајс доби удар по нозете, но судијата Кавана процени дека Англичанецот е оној кој попречува брзо изведување на слободниот удар за Брајтон. „Судиската одлука го промени текот на натпреварот. Како и секогаш не добив никакво објаснување за црвениот картон. Бев зачуден, ако такви работи се судат константно во текот на натпреварот во ред, но видовме неколку ситуации во кои фудбалерите ја шутираа топката и ништо не се случуваше“, изјави Артета. Шпанецот додаде дека судиите не се константни во носењето на своите одлуки. „Требаше и нивниот играч да добие црвен картон поради удар. И покрај се, реагиравме добро и со десет играчи на теренот заслуживме да победиме“, додаде Артета.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.