September 1, 2024 | | Анализи
Манчестер Јунајтед во првите две кола оствари минимална победа против Фулам, а минатото коло беше поразен од Брајтон на гостински терен. Иако во одредени сегменти Јунајтед покажува знаци на подобрување, се чини дека некои проблеми од минатата сезона за Јунајтед повторно се враќаат. Тие денес нема да можат да сметаат на играчи како Хојлунд, Маунт, Шо, Јоро. Ова е сериозен тест за Тен Хаг кој треба да ја оправда довербата на управата и на фановите, а ова може да биде добар момент за „црвените ѓаволи“ да остварат триумф пред да се замине на репрезентативна пауза. Од друга страна Ливерпул оствари две победи во првите две кола каде постигнаа четири гола а немаат примено ниту еден. Тренерот Слот засега одлично се снаоѓа, а во меѓусебниот дуел на овие двајца тренери, резултатот е 2-2. Додека Слот го водеше Аз Алкмар, оствари два триумфа над Ерик Тен Хаг во исто толку мечеви, а кога го предводеше Феенорд, поуспешен беше тренерот на Јунајтед и тоа со истиот скор (2-0). Интересно е што Ливерпул забележа само две победи на претходните 12 натпреварувачки натпревари на „Олд Трафорд“, од кои последната беше пред три години. Фаворит денеска е Ливерпул, но во вечното англиско дерби, можеме да очекуваме сѐ, со надеж дека ќе видиме голови и интересен фудбал.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |