Ернандез објасни зошто со Леао не ги слушале инструкциите на тренерот

September 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ернандез објасни зошто со Леао не ги слушале инструкциите на тренерот

Пауло Фонсека уште на самиот почеток во својата кариера во Милан се соочува со огромен притисок каде сѐ уште неговиот тим не знае за победа. На гостувањето кај Лацио вчера одиграа 2-2. На вчерашниот натпревар се случи еден момент кој предизвика реакции особено кај навивачите на Милан. Имено, откако Леао израмни за 2-2, судијата ги испрати фудбалерите на прекин за освежување каде тренерите имаа можност да им дадат насоки и инструкции на фудбалерите. Во тој момент Леао и Ернандес не беа дел од групата, односно не беа заедно со тимот при паузата за освежување туку стоеа на другата страна од теренот. Двајцата воопшто не се приближија кон тимот, а Тео објасни зошто тоа било така. Самошто влеговме во игра и две минути бевме на теренот, не ни беше потребна пауза за освежување. Подготвени сме да му помогнеме на тимот и да победиме што е можно побрзо. Немаме ништо против тренерот и тимот, ние сме заедно во ова. Знам дека луѓето веќе зборуваат за таа ситуација, но има многу невистина во јавноста. Јас и Рафа секогаш сме дел од тимот и тука сме за да помогнеме, тоа е најважно“, рече Ернандес.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.