September 1, 2024 | | Свет
Ливерпул рутински славеше над Манчестер Јунајтед со 3-0 на „Олд Трафорд“ каде два гола постигна Луис Дијаз, а еден Мохамед Салах кој воедно беше асистент за првите два гола. Салах беше запрашан за тоа како го поминал летниот одмор каде во разговорот откри детали околу неговата иднина. „Имав добро лето, имав долго време да останам со себе и да размислувам позитивно бидејќи како знаете, ова ми е последна сезона во клубот. Сакам да не мислам на тоа туку да уживам во фудбалот. Никој не разговарал со мене за нов договор, ќе видиме што ќе се случи следното лето“, рече Салах. Неговиот договор истекува наредното лето, а ова може да биде и порака до управата на Ливерпул навреме да се обиде да започне преговори за нов договор ако Салах воопшто би бил отворен за такво нешто и ако Ливерпул планира да го стори тоа.
🚨🗣 Mo Salah: "As you know, it's my last season at the club, and I want to enjoy it..." 💔💔🥹🥹 pic.twitter.com/aI3Z7odkcs
— FACT (@lfcfact) September 1, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |