June 7, 2024 | | Свет
По неуспешната сезона, Баерн спрема тотална промена во составот. Според германскиот новинар Florian Plettenberg, Баерн ќе слуша понуди за дури шест фудбалери ако стигнат добри понуди. Станува збор за Де Лихт, Кимих, Горецка, Коман, Гнабри и Мазрауи. Според неговите информации, Баерн сеуште нема примено конкретни понуди за овие фудбалери, но Компани очигледно планира да прави огромни промени во овој клуб. Исто така, Алфонсо Дејвис е во конкретни преговори со Баерн Минхен за продолжување на соработката, а Компани е една од причините зошто наводно преговорите одат во посакуван тек. Во однос на појачувања, Баерн пак е заинтересиран за Паљиња, фудбалерот на Фулам а се споменуваат цифри помеѓу 40 и 45 милиони евра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |