September 2, 2024 | | Свет
Фабрицио Романо важи за убедливо најрелевантен и најпопуларен новинар во светот на спортското новинарство. За време на секој трансфер период, буквално сите му веруваат само на него кога станува збор за фудбалските трансфери. Тој беше запрашан како ги открива информациите и како е толку релевантен. „Како добивам информации за трансфери? Многу играчи ми праќаат пораки директно или јас им праќам порака да побараат информации“, објаснува Фабрицио. Италијанскиот новинар откри и уште еден интересен детал. „Понекогаш самите играчи ми велат „те молам, можеш ли да кажеш нешто за мене, затоа што сакам да го напуштам клубот?“, рече Романо.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |