September 2, 2024 | | Свет
Драган Стојковиќ има големи проблеми во селекцијата на Србија каде после неуспехот на Европското првенство, очигледно играчите му свртеа грб, па веќе немаат никаква доверба во него како селектор. Едни од најголемите ѕвезди кои му откажаа поради наводни повреди се Душан Влаховиќ, Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Сега пак, уште тројца фудбалери му откажаа а тоа се Милош Вељковиќ, Немања Максимовиќ и Алекса Терзиќ. Вељковиќ не го играше последниот натпревар во Бундеслигата за Вердер, како и Максимовиќ кој не играше за Панатинаикос во грчкиот шампионат, а Терзиќ веќе подолго време е повреден. Првиот натпревар на оваа репрезентативна пауза Србија ќе го одигра против Шпанија на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, а потоа ќе и гостува на Данска во Копенхаген.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |