September 4, 2024 | | Свет
Според информациите на шпански „AS“, Реал Мадрид наредното лето сака да го ангажира најдобриот играч на Манчестер Сити, Родри. Овој медиум тврди дека неговата вредност е 130 милиони евра. Родри беше клучен во освојувањето на Лигата на шампионите минатата година, а и летово со Шпанија ја освои европската титула каде беше избран за играч на турнирот. Тој се смета за најдобар играч од средниот ред во светот. Неговиот договор е до 2027 година, а проблем би можело да биде тоа што веќе претходно играше за другата голема екипа од Мадрид, Атлетико каде како момче помина шест години во нивната младинска школа. Во моментов е тешко да се очекува ваквиот трансфер да се оствари со оглед на тоа што Сити не планира да го пушти, а сезонава се очекува да му понудат и нов договор за да го задржат.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |